Во победата на Ливерпул против Астон Вила од 1-3, дефанзивецот на Ливерпул Енди Робертсон стана рекордер во Премиер – лигата. Робертсон од вчера е дефанзивецот со најмногу асистенции во историјата на најсилната фудбалска лига на Англија.
Робертсон во петтата минута му асистираше на Мохамед Салах за водство на Ливерпул. Тоа беше негова 54. асистенција во кариерата во Премиер – лигата и сега има една повеќе од Лејтон Бејнс.
Шкотскиот фудбалер стигна до својата 54. асистенција во 231. натпревар, што е за 189 натпревари помалку отколку што му беа потребни на Бејнс за 53 асистенции. Во последните четири сезони Робертсон трипати имаше најмалку 10 асистенции, а оваа сезона има пет додавања за гол на 13 натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













