Челниците на Јувентус се заинтересирани за фудбалерот на Лестер, белгискиот репрезентативец Јури Тилеманс, пренесуваат италијанските медиуми.
Скаутите на Јуве бараат замена за францускиот фудбалер Андриен Рабио, кој има договор со торинскиот клуб до јуни следната година. Тој веќе најави дека не сака да остане во Јувентус, бидејќи планира без обештетување да ги напушти „црно-белите“ од Торино.
Тилеманс (25) има договор со Лестер до крајот на сезоната, а за белгискиот фудбалер покрај Јувентус интерес покажаа и Арсенал и Манчестер Јунајтед.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус верувa како Тилеманс би бил идеална замена за Рабио.
Белгиецот пристигна во Лестер во 2019 година, а претходно играше за Монако и за Андерлехт. За белгиската репрезентација постигна пет гола на 58 натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













