
Замор и од играње, а богами и од славење на пласманот на ЕП, се чувствува во репрезентацијата на Македонија. Токму поради ова селекторот Игор Ангеловски значително ќе го освежи составот за денешниот натпревар од Лигата на нации против Естонија кој ќе се одигра на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Најголем дел од фудбалерите кои го изнесоа товарот на финалната плејоф пресметка против Грузија во Тбилиси ќе добијат шанса да одморат, дел од нив принудно, поради повреди и жолти картони, како и капитенот Горан Пандев кој се врати во Џенова. Ги нема и Столе Димитриевски, Аријан Адеми, Езгјан Алиоски. Најверојатно ќе одморат и Стефан Ристовски, Висар Муслиу и Илија Несторовски.
За денешниот меч против Естонија, на голот треба да биде Шишковски, а во одбраната да влезе Ѓоко Зајков како освежување. Во средниот ред покрај Елиф Елмас кој треба да биде главен креатор на играта, треба да бидат и Стефан Спировски и Тихомир Костадинов како дефанзивни играчи за врска, како и Бобан Николов и Александар Трајковски.
Во нападот исто така ќе има свежа крв, Иван Тричковски и Влатко Стојановски. На овој начин селекторот Игор Ангеловски сака да внесе малку поголема свежина, а со тоа и агресивност и повторно Македонија да може да одигра висок пресинг на бавните стопери на селекцијата на Естонија.
„Сакаме победа против Естонија, а потоа да одиме на Кипар и да се бориме за првото место во групата на пресметката со Ерменија“, најавува селекторот Игор Ангеловски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
