
Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, смета дека натпреварот против Брентфорд треба да го играат само играчи кои не биле дел од Светското првенство во Катар, бидејќи моментно се наоѓаат во подобра форма.
„Не сум многу среќен. Од една страна вие сте среќни бидејќи Тотенхем да има 12 играчи на Светското првенство значи дека сме на добар пат да бидеме конкурентни и да се обидеме да освоиме нешто. Но, нормално е дека кога имате толку многу играчи кои играат на таков турнир, особено во текот на сезоната, сега не е лесно бидејќи нивната физичката подготовка не е на потребното ниво“, изјави Конте.
Премиер – лигата продолжува денеска, само осум дена по финалето на Светското првенство во Катар. Тотенхем на Боксинг деј ќе му гостува на тимот на Брентфорд, во натпреварот од 17. коло на Премиер – лигата.
По 15 одиграни натпревари, Тотенхем е четврти на табелата со 29 бода, додека Брентфорд е десетти со десет бода помалку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
