Менаџерот Микел Артета се надева дека неговиот Арсенал може да продолжи да игра на ист начин како пред паузата на Светското првенство во 2022. Шпанскиот стратег се надева на квалитетен настап против Вест Хем. „Топчиите“ имаат пет бода предност на врвот на табелата пред шампионот Манчестер Сити.
„Мораме да го направиме тоа на теренот. Разговаравме многу околу тоа и знаеме колку е важно да започнеме силно после паузата. Боксинг Деј е многу посебен ден во историјата на Премиер – лигата, тоа е многу посебна семејна прослава за фудбалот, атмосферата е секогаш неверојатна и сакаме максимално да ја искористиме. На моменти покажувавме вистинска зрелост, особено против големите ривали. Мораме да играме подобро на секој натпревар, да продолжиме да растеме индивидуално и тимски. Сакаме да продолжиме заслужено да ги добиваме натпреварите“, објасни Артета.
„Чеканите“ се наоѓаат на 16. позиција на табелата во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













