Њукасл е заинтересиран за напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, пренесува италијанското издание „Калчомеркато“. 29-годишниот Белгиец оваа сезона е на позајмица од Челси во Интер, со што го одбележа вториот ангажман во редовите на „нероаѕурите“.
Италијанскиот клуб веќе започна преговори со лондончани за продолжување на заемот, но раководството на „сините“ сака да добие 8 милиони евра, како и да додаде уште 3 милиони во вид на бонуси.
Истовремено, Интер мора да плати 8,5 од вкупните 12 милиони евра од годишната плата на играчот.
Њукасл верува дека Лукаку е напаѓачот со вистинскиот профил за клубот, иако го имаат и Александар Исак.
Белгиецот поради повреда пропушти околу два месеци од тековната сезона. Во Серија А одигра четири натпревари и постигна еден гол по враќањето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













