
Жозе Мурињо одбил да ја преземе селекцијата на Португалија. За Португалската фудбалска федерација (ФПФ), Мурињо беше првиот избор за наследник на Фернандо Сантош, кој доби отказ по елиминацијата од Мароко во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.
Сепак, трофејниот португалски стручњак не може да работи со националниот тим во моментов.
Договорот на Мурињо со Рома е до летото 2024 година и тој има намера да го исполни до крај.
Неодамна Мурињо се споменуваше и како кандидат за селектор на Бразил, но по одлуката да се посвети на Рома, веројатно ништо нема и од тоа.
Како кандидат за селектор на Португалија сега се споменува Руи Жорге.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
