Италијанскиот стратег Клаудио Раниери (71) има нова работа. Тој го презеде италијанскиот второлигаш Калјари, моментално дванаесеттопласираната екипа во Серија Б.
Калјари беше стабилен прволигаш во последните години и помина 17 од последните 18 сезони во Серија А, но сега не му оди толку добро.
Раниери во вториот мандат ќе се обиде да му се помогне на овој клуб во борбата за враќање во елитата. Тој потпиша договор до 2025 година.
Претходно Раниери го водеше Каљари од 1988 до 1991 година и го водеше од Серија Ц во Серија А.
Последниот клуб на Раниери беше Вотфорд, кој го водеше во Премиер – лигата од октомври 2021 до јануари 2022 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













