
Ахмед Ал Барвани е омански милијардер кој реши да му понуди неверојатна сума на Лионел Меси за наметката што Аргентинецот ја носеше кога го подигна трофејот на Светското првенство во Катар.
Емирот на Катар, Тамим бин Хамад ал Тани, на Лионел Меси му подари свечена наметка што ја носеше за време на доделувањето на пехарот по финалниот натпревар помеѓу Аргентина и Франција.
Сега Ахмед Ал Барвани, член на Советот на оманската Шура и поранешен потпретседател на Адвокатската комора на Оман, понудил дури еден милион долари за да ја купи наметката на Меси.
„Мој пријателе Меси, ти честитам за освојувањето на Светското првенство. Емирот на Катар ме заслепи кога го стави беџот, симбол на дарежливост и мудрост, над твоите рамена. Ти нудам милион долари за да ми го продадеш“, објави Ал Барвани на Твитер и додаде:
„Бев на стадионот и го гледав во живо тој момент кога емирот на Катар му подари наметка на Меси. Овој момент му кажа на светот дека ние сме тука и дека тоа е нашата култура, ве молиме знајте го тоа добро“.
Тој додаде дека турнирот е извор на гордост и истакна важни факти за тоа како не сме ја заборавиле Палестина и дека Арапите се едно и обединети.
„Тоа не поттикна да се погледнеме поинаку и да сфатиме дека можеме да постигнеме успех, исто како што тоа го направи Мароко“, додаде оманскиот тајкун.
Ако Ал Барвани успее во договорот со Меси, наметката нема да се носи. Тој рече дека тоа ќе служи како потсетник за тоа што сѐ е можно во животот.
Ахмед Ал Барвани е подготвен да плати и повеќе од милион долари за парчето ткаенина што Меси го носеше на себе, но сега чека одговор од Аргентинецот, кој продолжува со големата прослава која трае од неделата, или поточно од вторникот кога репрезентацијата пристигна во Буенос Аирес .
На секоја таква наметка се потребни околу седум до десет дена за да се направи, додавајќи златни линии на предната страна и на рацете. Во арапскиот свет некои возбудено го нарекуваа аргентинскиот капитен „шеик Меси“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Башкими го доведе и Фарук Бихорац

Евро-фудбал
Хулк постигна гол директно од корнер (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
