Најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе утринава се врати на тренинзите на Пари Сен Жермен на општо изненадување, само три дена по поразот на француската репрезентација во финалето на Светското првенство против Аргентина.
Францускиот шампион ПСЖ објави слики и видео на Твитер на кои се гледа како крилниот напаѓач излегува од комбето и брза кон тренинг центарот.
Ова враќање е вистинско изненадување бидејќи играчите на ПСЖ кои настапија на Светското првенство во Катар имаа право на десет дена одмор пред да се приклучат на тимот.
Враќањето на Мбапе, најдобриот стрелец на Мундијалот со осум гола не се очекуваше пред јануари 2023 година.
Парижаните на 28 декември ќе одиграат првенствен натпревар против Стразбур на „Паркот на принцовите“, а потоа гостуваат во Ленс на 1 јануари. Нема сомнеж дека Мбапе ќе настапи на тие натпревари.
Bonjour @KMbappe! 👋☺️ pic.twitter.com/Hls5EK3df7
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) December 21, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













