
Иско, некогаш најголемиот шпански талент, во последните години има неверојатна стагнација. Тој не играше во Реал Мадрид, па се очекуваше да ја оживее кариерата во Севилја. Сепак, клубот од Андалузија оваа сезона игра лошо, а Иско не се вклопува во филозофијата на тренерот Хорхе Сампаоли, па клубот реши да му го раскине договорот.
Сега како слободен играч има избор каде ќе ја продолжи кариерата, а шпанските медиуми пишуваат дека избира меѓу Премиер – лигата и Серија А.
Имено, во Англија тој би можел да замине во Вулверхемптон кој од неодамна од клупата го води Хулен Лопетеги или во Арсенал кој од клупата го раководи Шпанецот Микел Артета.
Во Италија заинтересиран е Јувентус, кој веќе неколку сезони се обидува да го доведе шпанскиот играч за врска кој одигра 38 натпревари за „црвената фурија“.
Иско за Севилја одигра 19 натпревари и постигна еден гол со три асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
