Хрватска загуби од Аргентина со 3-0 во полуфиналето на Светското првенство во Катар. Сега ги очекува борбата за третото место за кое в сабота од 16 часот ќе играат против поразениот од дуелот меѓу Франција и Мароко.
Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, го призна поразот.
„И честитам на Аргентина за пласманот во финалето. Не можам за ништо да ги обвинам моите момчиња. Имавме контрола во првиот половина час. Понекогаш среќата те фаворизира, понекогаш ти се враќа на друг начин. Колку што разбрав, момците протестираа за корнер. Потоа од таа акција примивме гол. Но, го загубивме натпреварот и немам што да се жалам. Мораме да се подготвиме за натпреварот кој не очекува. Создадовме добри ситуации, но не бевме конкретни, Ни недостигаше вистински, вистински напаѓач“, изјави Далиќ.
„Заслужен пораз. Брозовиќ почувствува болка во мускулот. Сакавме да го спасиме за следниот натпревар. Ако некој ни го понудеше ова пред Светското првенство, веднаш ќе го прифатевме. Ние ќе се бориме за третото место на Мундијалот“, потенцираше хрватскиот селектор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













