
Аргентина е првиот финалист на Светското првенство во Катар. Лео Меси и друштвото вечерва во Лусаил ја прегазија Хрватска со 3-0 и в недела ќе го очекуваат подобриот од дуелот меѓу Франција и Мароко во борба за најпосакуваниот трофеј во фудбалот.
Половина час се држеше Хрватска, имаше и поголем посед на топката, но потоа Хулијан Алварез доби одлична топка, Ливаковиќ му излезе во пресрет, тој ја испрати топката кон голот и падна по судирот со него, а Даниеле Орсато покажа на белата точка.
Лионел Меси го реализираше пеналот во 34.минута, а пет минути подоцна повторно Хулијан Алварез извлече противнапад, тројца хрватски фудбалери не ја исфрлија топката, а тој на крајот ја внесе во мрежата.
Во второто полувреме, Лионел Меси изведе шоу, Гвардиол не можеше да го задржи, а потоа го проигра Хулијан Алварез кој во 69.минута постигна трет гол за Аргентина што значеше и дефинитивен нокаут за Хрватите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski
