Македонскиот прволигаш Шкендија заостана значително во однос на лидерот Струга Трим Лум, па во однос на второпласираниот Шкупи, по првиот дел од шампионатот на Македонија, но се надева дека сето ова ќе успее да го надомести во вториот дел од сезоната. Токму затоа раководството на Шкендија планира да се засили со неколку нови фудбалери во зимскиот преоден рок.
Блиску до трансфер во Шкендија е левиот бек на Брегалница, Себастијан Херера. Тој треба оваа зима да се пресели во Тетово и да биде ново засилување за составот на Ќатип Османи.
Шкендија го посакува и Методи Максимов од Работнички, а во Тетово сигурно ќе пристигнат и неколку странски засилувања.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












