
Настапот на Португалија на Мундијалот во Катар заврши во четвртфиналето со неочекувана елиминација од Мароко. Кристијано Роналдо го заврши Мундијалот во солзи, а донесе одлука дали и понатаму ќе игра за оваа селекција.
Португалската фудбалска репрезентација отпатува во Катар со цел да го освои Светското првенство, но на крајот успеа само да се пласира во четвртфиналето. Таму беа запрени од Мароко, кој е апсолутна сензација и прва африканска репрезентација која се пласираше во полуфиналето на Светското првенство.
Кристијано Роналдо постигна само еден гол во Катар, во првото коло против Гана (3-2), а ова му беше петто Светско првенство на кое не постигна гол во нокаут фазата.
Не беше ниту во стартните 11 во осминафиналето и во четвртфиналето, а пред неколку дена легендарниот Луиш Фиго го наведе ова како причина за испаѓањето од Мароко и го обвини селекторот Фернандо Сантош и неговиот стручен штаб дека прелесно се откажале од Роналдо.
Сепак, Роналдо одлучи да игра за националниот тим и во циклусот за ЕВРО 2024. Мислењата се поделени, а за тоа говори и анкетата што ја спроведе „А Бола“ пред мечот со Швајцарците.
Португалците гласаа дали Роналдо треба да биде во стартните 11 против Швајцарија, а 70% од учесниците во анкетата рекоа – НЕ.
🚨🚨 Cristiano Ronaldo is NOT going to retire from the Portugal national side now.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 13, 2022
He believes he can be useful to his country at least until EURO 2024.
(Source: Correio da Manhã) pic.twitter.com/RrZ06EUKb9

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер го договори голгетерот на Парма

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер
