Светското првенство за Португалија заврши пред неколку дена во четврт-финалето. Селекцијата на Фернандо Сантош беше елиминирана од Мароко, па Португалците полека се враќаат на клупските обврски.
Што се однесува до напаѓачот Жоао Феликс, тој е фокусиран на зимскиот преоден рок, кога очекува да го промени тимот.
Напаѓачот на Атлетико Мадрид веќе некое време не го крие незадоволството од тренерот Диего Симеоне, а ниту „Чоло“ не е фан на поранешниот играч на Бенфика. Она што го кочи продажниот бизнис е тоа што за Феликс беа платени неверојатни 127 милиони евра.
„Јорганџиите“ сакаат да си вратат добар дел од инвестицијата, но засега тоа изгледа како нереална желба. Феликс за време на Мундијалот играше како стартер во Португалија, но во првиот дел од сезоната имаше статус на резерва во составот на Симеоне.
Арсенал е многу заинтересиран за Португалецот и сака да го доведе уште во јануари. Феликс се гледа како замена за Габриел Жесус, кој заработи тешка повреда на коленото и нема да биде на теренот неколку месеци.
Во опција е и заминување во Челси, но таму сепак би имал и поголема конкуренција во нападот во овој момент.
Жоао Феликс од поодамна е желба и на Манчестер Јунајтед.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












