
Шпанија го промовираше Луис де ла Фуенте за нов селектор на националниот тим. По елиминацијата на „црвената фуријата“ од Мароко во осминафиналето на СП во Катар, Луис Енрике замина, а Шпанците веднаш назначија нов селектор.
Де ла Фуенте, кој предводеше неколку генерации во младинските категории, сега добива можност да биде селектор на сениорскиот национален тим.
„Моја цел е Шпанија да биде најдобра, а за тоа секако трба да ги имате во изборот сите најдобри фудбалери. Нема да ги делиме на млади и возрасни, сите подеднекво ќе конкурираат. Да, отворена е вратата и за Серхио Рамос, не сакам да се повлече и Серхио Бускетс, а секако дека младата генерација фудбалери ќе треба да се докаже и ќе ја добие својата важна улога во наредниот период“, изјави Де ла Фуента на својата промоција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
