Фудбалската федерација на Португалија ги демантираше гласините дека капитенот Кристијано Роналдо се заканил со напуштање на националниот тим доколку не игра на четвртфиналниот меч на СП против Мароко.
Медиумите објавија дека Роналдо бил разочаран од одлуката на селекторот Сантош да го изостави од првиот тим за пресметката со Швајцарија. Тврдеа дека тој најавил заминување ако не биде стартер против Мароко.
„Сакаме да појасниме дека капитенот Роналдо во ниту еден момент не се заканил дека ќе ја напушти репрезентацијата за време на СП во Катар. Тој секогаш бил и е во служба на репрезентацијата и државата, што мора да се респектира и ја покажува неговата несомнена посветеност кон националниот тим“, се вели во соопштението на Португалија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













