Голема трагедија го погоди регионалниот спорт. Во сообраќајна несреќа загина Миодраг Јешиќ, познатиот фудбалер и легенда на Партизан. Тој загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи на патот Рума – Јарак, јавуваат српските медиуми.
Станува збор за една од големите легенди на ФК Партизан, клубот во кој беше и играч и тренер.
Според српските медиуми, Јешиќ управувал со возилото, но во еден момент изгубил контрола и преминал на спротивната лента и се судрил со камион.
Фудбалската кариера ја започна во Жарково, по што пет години играше многу успешно во редовите на Партизан. Потоа се пресели во Турција, каде играше за Трабзон и за Алтај, пред да ја заврши фудбалската кариера во 1994 година.
Неколку години подоцна почна да работи како тренер во бројни клубови и на различни континенти. Меѓу другото, освен во Сараево и во Партизан, раководеше во Будуќност, ЦСКА Софија и бројни азиски и африкански тимови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













