Connect with us

Струга ТЛ ја обезбеди есенската титула, победија и Шкупи, Шкендија и Силекс (ВИДЕО)

Струга Трим Лум на најдобар начин ја заокружува полусезоната откако на едно коло пред зимската пауза се зацврсти на првото место со триумфот од 1-0 против Академија Пандев. Тимот на Срѓан Захариевски ја обезбеди есенската титула, прва во клупската историја.


Долго време Струга ТЛ бараше победнички гол на денешниот дуел со Академија Пандев и успеа да го постигне Дарко Илиески во 69.минута.


Шкупи со пресврт славеше против Брегалница во Кичево со 3-1. Себастијан Херера во 24.минута донесе предност за штипјани, но десет минути подоцна Фреди Алварез упати бомба од 35 метри и успеа да израмни.

Фото: www.porta.mk

Кристијан Трапановски на почетокот на вториот дел се погрижи за пресврт, а триумфот го потврди Пепи Ѓорѓиев во 83.минута.

Фото: www.porta.mk


Љупчо Дориев беше човек на одлука во триумфот (1-3) на Шкендија против Македонија ЃП на дуелот во Ѓорче Петров. Тој го отвори резултатот во 19.минута, а потоа и ја затвори серијата голови во 84.минута. Ферхан Хасани стрелаше во 51.минута за Шкендија, а едн минута подоцна погоди Емир Скендери за „лавовите“ од Ѓорче Петров.


Силекс освои три бода на гости совладувајќи го Тиквеш во Кавадарци со 0-2. Филип Обадовиќ беше стрелец на првиот гол во 72.минута, а девет минути подоцна кратовци постигнаа уште еден погодок преку Марјан Ристовски.


Во Прилеп, Победа и Скопје ремизираа без голови.

ПРВА ЛИГА, 17.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ


СТРУГА ТЛ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0


ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА 3-1

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 1-3

ТИКВЕШ – СИЛЕКС 0-2

ПОБЕДА – СКОПЈЕ 0-0

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови