Селекторот на фудбалската репрезентација на Австралија, Греам Арнолд, изјави дека не може да биде погорд на своите играчи. Австралија загуби од Аргентина со 1-2, во осминафиналето на Светското првенство, но остави одличен впечаток.
„Им реков на момците дека не можам да бидам повеќе горд на нив и со она што ми го дадоа мене и нивната земја. Тоа беше долг и напорен пат од четири и пол години. Се разбира, малку сум разочаран бидејќи мислам дека можевме да направиме малку повеќе. Сигурен сум дека земјата е многу горда на овие момци“, рече Арнолд.
Тој додаде дека неговата селекција „одлично завршила работа“ против Аргентина синоќа и покрај поразот.
„Не секој ден играш со третиот најдобар тим во светот и мислам дека завршивме одлична работа. Многу луѓе пред првенството велеа дека сме најлошиот тим на Австралија на сите времиња. Се пласиравме во осминафиналето. и освоивме шест бода во групата, што никогаш не сме го постигнале“, изјави Арнолд.
Арнолд потенцираше и дека „фудбалот е спорт што ја обединува нацијата“.
„Навивачите беа многу среќни што бевме на Светското првенство. Но, така треба да биде секој пат и ни треба владата да инвестира пари во развојот на овој спорт“, изјави Арнолд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













