Габриел Жесус може да биде надвор од терените околу три месеци. Напаѓачот на Бразил се повреди на последниот натпревар на „кариоките“ од групната фаза против Камерун. Вчера беше објавено дека нема да игра до крајот на Светското првенство.
Жесус има повреда на коленото. Првичните проекции беа дека тој ќе биде надвор од теренот околу три недели. Сепак, дополнителните тестови покажаа дека повредата е посериозна и можеби ќе треба да се оперира, а тоа значи дека нема да може да игра до март.
Напаѓачот е резерва во бразилскиот тим, но е клучна фигура за Арсенал, лидерот на табелата во Премиер-лигата. Сега „топчиите“ ќе треба да размислат дали да привлечат нов напаѓач во зимскиот преоден рок за да го замени Габриел Жесус во првите месеци од новата година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













