Марсело Биелса е најсериозен кандидат да го замени Диего Алонсо на местото селектор на Уругвај, пренесува „TyC Sports“. Според аргентинскиот спортски канал, поранешниот менаџер на Лидс би можел да го наследи младиот стратег на чело на „урусите“ по неуспехот на Јужноамериканците на Светското првенство во Катар.
Уругвајците дојдоа на Светското првенство со големи надежи, но испаднаа во групната фаза на турнирот и покрај тоа што ја совладаа Гана со 2-0 во последниот натпревар. Сепак, двократниот светски шампион пропушти да влезе во нокаут фазата откако Јужна Кореја со гол во финишот против Португалија обезбеди победа од 2-1.
Доколку Алонсо ја напушти работата, Биелса е подготвен да ја преземе функцијата. Тој последен пат го водеше Лидс, враќајќи ги „белите“ во Премиер – лигата по 16-годишно отсуство. Сепак, по низата лоши резултати, тој ја загуби функцијата во февруари. Биелса беше поврзуван со работата на менаџер на Борнмут, но разговорите меѓу двете страни не успеаја да завршат со успех и клубот на крајот го назначи Гери О’Нил за постојан менаџер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













