„Брзаш да ме исфрлиш“, налутено рече Роналдо, а потоа и упати пцовка. Тоа се случи во 65. минута од играта кога Роналдо го напушти теренот, тој беше еден од послабите играчи на теренот, а селекторот на Португалија, Фернандо Сантош, по натпреварот даде одговори на дилемите.
„Кристијано Роналдо беше вознемирен поради корејски играч кој му кажа да излезе, дури и Пепе мораше да интервенира“, изјави Фернандо Сантош.
Потоа се јави и Роналдо со објаснување.
„Она што се случи е дека пред да излезам, корејскиот играч ме замоли брзо да се повлечам и му реков да молчи. Тој ја нема таа моќ, не треба да има расправија“, изјави Роналдо.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












