
Дефанзивецот на Белгија, Јан Вертонген, беше крајно разочаран по ремито 0-0 со Хрватска и елиминацијата на тимот од Мундијалот. Тој изјави дека тимот дал се од себе за да стигне до победата, но тоа не било доволно.
„Дадовме се за Белгија, за тимот и за селекторот, но не ни успеа. Тешко е да се проголта оваа ситуација. Првите два натпревари беа фатални, а особено оној против Мароко. Имавме многу шанси, но не можевме да реализираме. Кога не постигнуваш гол, не можеш да победиш. Горди сме што сме Белгијци. Не мора да бидеме пријатели во тимот за да имаме позитивна атмосфера. Нема тим каде што сите се пријатели“, изјави Вертонген.
Тој ја коментираше и оставката на селекторот Роберто Мартинез.
„Тој секогаш даваше се за нас. Му верувавме и продолжуваме да му веруваме. Ако замине, тоа е дел од фудбалот. Но, тој е добар тренер со кој работевме одлично. Покажавме дека сме зад него, покажавме дека сме тим кој може да игра добар фудбал на овој турнир. Се надевам дека ќе остане. Доколку бидам повикан во иднина, секако дека ќе одговорам“, изјави искусниот дефанзивец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливаковиќ замина на позајмица во Џирона

Евро-фудбал
Јувентус го купи Косовецот Едон Жегрова

Евро-фудбал
Николас Џексон го засили Баерн Минхен

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
