
„Кога така ќе треснете, се чувствувате како во хорор филм“. Ова го изјави германскиот играч за врска Каи Хаверц по фијаското на Светското првенство во Катар. Германскиот национален тим испадна по групната фаза на Мундијалот и покрај тоа што ја совлада Костарика со 4-2 во последниот натпревар од групата синоќа.
Сепак, успехот не беше доволен за избраниците на Ханси Флик, а ги загубија надежите за пласман во осминафиналето поради полоша гол-разлика од онаа на Шпанија.
„За време на натпреварот дознавме дека Јапонија води, а потоа на стадионот беше прикажан пласманот во групата. Сè уште имавме мала надеж дека Шпанија ќе постигне гол. Но, тогаш забележавме дека мечот со Јапонија е завршен“, изјави Хаверц.
Тој навести дека не е се така добро во германскиот фудбал.
„Мораме да бидеме искрени и да кажеме дека работите не одат добро веќе четири години. Сега двапати сме елиминирани во групната фаза на Светското првенство. Мислам дека веќе не наликуваме на силен турнирски тим“, истакна напаѓачот на Челси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливаковиќ замина на позајмица во Џирона

Евро-фудбал
Јувентус го купи Косовецот Едон Жегрова

Евро-фудбал
Николас Џексон го засили Баерн Минхен

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
