
Полска со 2-0 ја совлада Саудиска Арабија, која по првото коло се наметна како една од големите сензации на Мундијалот во Катар. Роберт Левандовски го постигна својот прв гол на СП во своето трето учество на мундијал. Покрај тоа, напаѓачот асистираше за првиот гол на Пјотр Зиелински и не ја криеше возбудата по натпреварот.
„Тоа беше остварување на сонот за мене. Очигледно, кога играм за репрезентацијата, се работи за тоа што е најдобро за тимот, но сепак сум напаѓач и не можам, а да не размислувам да постигнам гол. Иако асистирав, да се постигне гол на Светското првенство е остварување на сонот. Долго се борев за ова и успеав. Можеби благодарение на ова ќе останеме цврсто на земја за мечот со Аргентина, каде исто така сакаме да покажеме што можеме. Имаме четири бода и не ни останува ништо друго освен да се бориме до крај“, изјави Левандовски.
Полјаците сега водат во групата Ц со четири бода, а зад нив е Саудиска Арабија со три. Аргентина вечерва ќе се соочи со Мексико.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
