
Игор Ангеловски и Фудбалската федерација на Македонија постигнале начелна согласност за продолжување на соработката, дознава Макфудбал. Предводникот со кој беше обезбеден пласманот на Европското првенство ќе го предводи националниот тим и на континенталниот собир следното лето.
Десетина дена по истекот на договорот, претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и Игор Ангеловски ја остварија најавената првична средба дискутирајќи за продолжување на соработката. Со оглед на големиот успех што го оствари националниот тим, атмосферата за потпис на нов договор е позитивна и речиси е постигнат договор.
Останува да бидат прецизирани последните детали, но извесно е дека Македонија без промени на селекторската функција ќе игра на Европското првенство во јуни
Фудбалската репрезентација на Македонија на ЕП ќе игра против селекциите на Австрија, Украина и на Холандија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski