
Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Азербејџан (1-3) на вториот пријателски натпревар од овој мини циклус. По ремито (1-1) против Финска, се очекуваше триумф на нашиот национален тим, но избраниците на селекторот Благоја Милевски доживеаја пораз за крај на 2022 година.
Очигледно е дека нешто не оди, затоа што Македонија нема победа на последните пет натпревари.
На дождливото време македонските фудбалери не се снајдоа најдобро иако поведоа во 25.минута. Елиф Елмас изнуди пенал, а најстрогата казна успешно ја реализира Енис Барди.

Но, Азербејџан брзо се врати во игра со голот на Јафаргулиев во 38.минута. По една добра акција на гостите, тој успеа да го погоди спротивниот долен агол од голот на Шишковски.
Во 52.минута, Бобан Николов доби втор жолт картон и му олесни на ривалот, а тоа Азербејџан го искористи со гол за пресврт и водство во 65.минута. Гурбанли со удар со глава ја погоди нашата мрежа.
Десет минути подоцна и Азербејџан остана со десетмина на теренот откако Хагверди доби црвен картон. Македонија имаше убави можности за израмување, Јани Атанасов и Енис Барди погодија во гредата со шутеви од далечина, а во финишот сепак Азербејџан постигна трет гол преку Шејдаев во 89.минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го доби вечното македонско дерби со брзината и генијалните потези на Роџерс Мато,...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski