
Владимир Нелоски, советник во советот на Град Скопје на денешната седница на советот ги повика советниците од сите политички партии да го прифатат предлогот амандманот за финансиска помош од 15 милиони денари ( 250 илјади евра) поднесен од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи фудбалскиот клуб се наоѓа во тешка финансиска состојба и овие средства ќе помогнат на клубот, укажувајќи дека вината треба да се бара во претходното раководство на Град Скопје кое немало слух за изнаоѓање на решенија се со цел клубот да не дојде во ваква состојба како што е денес.

„ФК Вардар е Скопје, ФК Вардар е во многу големи проблеми, и да не е во сопственост на градот, но состојбата во која што се наоѓа можеме да бараме вина во претходното раководство на градот и немањето слух да преземе чекори за да не дојде клубот во оваа состојба во која се наоѓа, односно во Втора лига со милионски долгови итн“, посочи тој.
Нелоски изјави дека фудбалерите веќе 4 месеци немаат земено плата и мора да се изнајде системско решение за во иднина да не се случува ова.
„ФК Вардар во овој момент се бори против сите околности во кои што се наоѓа и е прв на табелата во втората лига. И итноста на оваа точка и барањето на финансиска помош на ФК Вардар произлезе од тоа што пред некоја седница овде имаше дебата за вработените во ЈСП Скопје кои што немаа земено плата за претходниот месец, а фудбалерите на ФК Вардар немаат земено плата 4 месеци и треба да земат. И мора да се најде системско решение“, додаде Нелоски.
„И ќе бидам прв кој што ќе повика за било каква помош или било кој чекор во интерес на ФК Вардар бидејќи 12 години бев дел од тој клуб“, нагласи Нелоски и додаде дека и во 2010 година фудбалскиот клуб се соочил со ваква криза меѓутоа тогашното раководство на градот под раководство на ВМРО-ДПМНЕ интервенирало и клубот не само што излезе од безизлезната состојба туку и година дена потоа стана шампион.
Според Арсовска ова е неприфатливо бидејќи со таа помош ќе се наполнат туѓи џебови или ќе се исплатат извршителите, посочувајќи дека нејзина молба е да се изнајде соодветно решение и ФК Вардар да се врати под ингеренции на градот, а институциите да испитаат што конкретно се случувало во клубот.
Но, мнозинството советници го прифатија амандманот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ кој предвидува доделување на финансиска помош од 15 милиони денари за ФК Вардар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дембеле поради повреда нема да игра два месеци?

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Рома и Дибала се блиску до нов договор

Евро-фудбал
Баерн Минхен влегува во трката за Марк Гехи

Евро-фудбал
Нови проблеми за Ханси Флик во Барселона

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана
