
На последниот тест натпревар пред стартот на пролетната сезона, Вардар во 120-минутен дуел загуби убедливо со 6-1 од Академија Пандев во Струмица.
Шефот на стручниот штаб Александар Васоски никако не може да биде задоволен од изданието на фудбалерите на овој контролен натпревар.
„Загубивме убедливо во два натпревари по 60 минути, во кои одигравме со различни состави. Нормално дека не сум задоволен од мојата екипа ниту во првите, ниту во вторите 60 минути. Одигравме многу лошо, одигравме без залагање, без идеја. Вака не се носи дресот на Вардар. Ова ни беше последен натпревар пред почетокот на првенството, и јас се надевам и искрено посакувам овој меч да ни послужи како еден вид лекција, и се надевам дека нема да ги повторуваме истите грешки во првенствените натпревари“ – рече Васоски по завршувањето на мечот со Академија Пандев во Струмица.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Фенербахче сака да го купи Адемола Лукман

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
