Легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалес, е еден од главните кандидати за тренерската позиција во Баер Леверкузен, тврдат „Марка“ и „Мундо Депортиво“. Раководството на „аспирините“ реши да му врачи отказ на Ерик тен Хаг по само две кола во Бундес – лигата, во кои тимот освои еден бод.
Раул (46) беше на чело на Реал Мадрид Кастилја, но сега сака да го направи следниот чекор во тренерската професија и да преземе екипа од висок профил. Поранешниот напаѓач има добра репутација во Германија, откако во еден момент од кариерата играше за Шалке 04. Неговото име беше поврзувано и со Севилја на крајот од минатата сезона.
Другите две имиња поврзани со тренерската позиција во Баер Леверкузен се Марко Росе и Един Терзиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија до 16 години ќе одигра два контролни натпревари против Летонија













