Наполи стигна до 12. победа во Серија А оваа сезона и се зацврсти на врвот на табелата со 38 бода, девет повеќе од Милан во овој момент. „Наполитанците“ славеа над Емполи со 2-0.
Долго се мачеше тимот на Спалети да дојде до водство, а потоа во игра ги уфрли Елмас, Лозано и Зиелински. Еден момент на невнимание искористи Осимен, украде топка во противничкиот шеснаесетник, беше фаулиран и Наполи доби пенал.
Успешен реализатор беше Ирвинг Лозано во 69.минута. Пет минути подоцна Лозано беше фаулиран и Луперто беше исклучен, а во 84.минута му асистираше на Зиелински кој го потврди триумфот со втор гол за домаќинот.
Специја и Удинезе ремизираа 1-1, а Илија Несторовски ги одигра последните десетина минути.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)













