Connect with us

Блатер: Французите му помогнаа на Катар да добие Светско првенство, а тие им купија борбени авиони

Светското првенство во Катар започнува на 20 ноември, а турнирот ќе го отворат селекцијата на домаќинот и Еквадор.


Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, зборуваше за претстојното Светско првенство.

„Изборот на Катар беше голема грешка. Веќе беше договорено Русија да биде домаќин на Светското првенство во 2018 година, а САД да биде домаќин на Светското првенство во 2022 година. Тоа требаше да биде гест на мир за тие две земји, бидејќи тие ќе добијат можност да го организираат Светското првенство една по друга“, изјави Блатер.

Тој тврди дека седум дена пред Конгресот на ФИФА во 2010 година дошло до пресврт.

„Тогашниот прв човек на УЕФА, Мишел Платини ми се јави и рече дека нашиот план нема да може да се реализира. Тој рече дека добил повик од тогашниот француски претседател Никола Саркози, кој имал средба со првиот човек на Катар“, откри Блатер.

„Бев против тоа, но Платини потоа ме праша што би направил доколку претседателот нешто побара од мене. Му реков дека го немам тоа чувство, бидејќи немаме претседател во Швајцарија. На крајот, четирите гласови на Платини одлучија Катар да биде домаќин наместо САД. Тоа е точно“, јасен е Блатер.

Во јуни 2015 година, тој поднесе оставка од функцијата претседател на ФИФА поради корупциски скандал.

„Секако, Катар поради парите стигна да биде домаќин на Светското првенство. Шест месеци подоцна Катар купи борбени авиони за Франција“, додаде поранешниот претседател на ФИФА.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови