
Селекторот на Австралија, Греам Арнолд, денеска го објави списокот на фудбалери кои ќе настапат на Светското првенство во Катар, но неговата одлука може да предизвика голема кавга во семејството, особено во односот со неговиот зет Трент Сејнсбери.
Арнолд утринава одржа прес-конференција на која го објави списокот од 26 фудбалери кои ќе бидат во авионот за Катар, но главна тема по објавувањето на списокот е Сејнсбери, кој инаку е стандарден репрезентативец на Австралија.
Имено, Сејнсбери не се најде на списокот на играчи за Мундијалот, што очигледно никој не го очекуваше во Австралија со оглед на тоа што во последните осум години е стандарден играч во репрезентацијата.
Сејнсбери настапи за Австралија на СП 2018 во Русија и одигра вкупно 58 натпревари за националниот тим, па мора да биде разочаран што не оди на Светското првенство во Катар.
Интересно е што Сејнсбери е зет на селекторот на Австралија, бидејќи пред неколку години се ожени со ќерката Елиса, со која има две деца.
Сејнсбери настапува во Катар каде го носи дресот на Ал-Вакра, но секако не очекуваше да ги следи натпреварите на својата репрезентација покрај ТВ екраните.
„На сите им е јасно колку беше тешка таа одлука за мене. Зборував со Трент за се. Тој не играше некое време и тоа беше многу тешка одлука. Се одлучив за играчи како Сутар и Роулс кои се во одлична форма и заслужуваат да бидат таму“, изјави селекторот Арнолд.
„Трент ја разбра ситуацијата во која се наоѓам и колку е тешко да се направи избор. Не знам дали се налути поради тоа, но тоа беше единствената вистинска работа што можев да ја направам со оглед на сè“, дополни селекторот на Австралија.
Овој 30-годишен дефанзивец летово пристигна во Ал-Вакра од белгиски Кортријк.
Австралија е во групата Д заедно со Франција, Тунис и со Данска. Првиот натпревар ќе го одигра на 22 ноември против Франција, а потоа следуваат дуелите со Тунис (26 ноември) и со Данска (30 ноември).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!
