Фудбалерот на Аталанта, Хозе Луис Паломино, кој е суспендиран од јули по позитивен допинг тест, е ослободен од обвиненијата, соопшти италијанскиот клуб.
„Многу сум среќен. Имав голема верба во правдата и сега само размислувам да се вратам на работа со моите соиграчи“, изјави Паломино.
Откако гo сослуша играчoт минатата недела, судот на италијанската Aнтидопинг агенција (НАДО) го извести клубот од Бергамо дека ги отфрла обвиненијата.
32-годишниот фудбалер на тој начин може повторно да игра, на две кола пред паузата во Серија А поради Светското првенство во Катар.
Паломино, кој играше за Мец и за Лудогорец пред да дојде во Аталанта, беше позитивен на нандролон, анаболичен стероид, во јули, пред почетокот на првенството.
Веднаш беше привремено суспендиран, а пред италијанските антидопинг власти се изјасни дека случајно земал забранет производ.
Паломино во Аталанта е од 2017 година, а минатата сезона одигра 45 натпревари и постигна два гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal