Францускиот дефанзивец Рафаел Варан се опорави од повредата и ќе биде подготвен за Светското првенство во Катар, пренесува „Л’Екип“.
Стоперот на Манчестер Јунајтед заработи повреда на бутниот мускул на 22 октомври на мечот против Челси кога во солзи ја напушти играта, па неговиот настап на Светското првенство беше под сериозен сомнеж.
За среќа на Французите, се покажа дека не се работи за сериозна повреда и дека ќе се врати на теренот побрзо од очекуваното, па селекторот на „триколорите“ Дидие Дешамп може да здивне.
Варан почна да работи на лентата за трчање, а наскоро се очекува негово враќање на тренинзите.
29-годишниот фудбалер ги пропушти последните четири натпревари на Манчестер Јунајтед против Шериф, Вест Хем, Реал Сосиедад и против Астон Вила.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













