
Раководството на клубот од МЛС-лигата, Интер Мајами, е убедено дека Лионел Меси ќе стане нивен нов играч следното лето. Иако се шпекулира за негово можно враќање во Барселона, па дури и за останување во Пари Сен Жермен, кој му подготвува богат договор, Лионел Меси моментно е најблиску до заминување во Америка.
Ова е нешто што се најавува со години. Самиот зборуваше како не би имал ништо против да замине во Соединетите Американски Држави на крајот од кариерата, а сега тој период се ближи. Интер Мајами е подготвен добро да плати, а договорот би требало да се официјализира по завршувањето на Мундијалот во Катар.
Сопствениците Дејвид Бекам и Хорхе и Хозе Мас лично преговараат со претставниците на Лионел Меси, со надеж дека тој ќе стане нов фудбалер на клубот од Флорида следното лето.
Ќе се обиде и Барселона да го врати на „Камп Ноу“, но тој смета дека камбек не би бил добро решение за него.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
