Шкендија го совлада Вардар со 1-0 во Тетово и направи голем чекор напред кон одбрана на титулата. Но, триумфот ќе остане со многу контроверзи затоа што Вардар е драстично оштетен. Филип Најдовски постигна погодок кој не беше признат во 38.минута од дуелот. Тој шутираше силно од голема далечина, топката од гредата падна зад гол – линијата, а потоа се врати назад во поле. Но, судијата Димитар Мечкаровски и неговите асистенти не го признаа погодокот.
Омар Имери во 23.минута го постигна победничкиот гол за Шкендија. Самир Фазли можеше да зголеми на 2-0 во 42.минута, но не му дозволи Гачевски.
Академија Пандев беше убедлива против Македонија ЃП со 3-0. Љупчо Дориев од пенал во 12.минута донесе водство, Марио Крстовски зголеми на 2-0, а третиот гол беше дело на Ацо Стојков во 73.минута.
Ренова во судиското продолжение спаси бод против Работнички играјќи 1-1 на арената „Филип Втори“.
Петар Петковски во 45.минута постигна водечки гол за Работнички. Но, потоа „романтичарите“ останаа со играч помалку. Во 67.минута Милован Петровиќ доби црвен картон за играње со рака на гол-линијата. Пеналот за Ренова сепак во гол не успеа да го претвори Влатко Стојановски. Тој шутираше високо над гредата.
Ренова ја искористи предноста од играч повеќе во судиското продолжение од мечот. и повторно од пенал, но сега Ненад Мишковски беше успешен реализатор, откако домашните повторно играа со рака во шеснаесетникот.
Во Кичево, Победа и Беласица ремизираа, 1-1. Трајче Ефремов во 19.минута обезбеди водство за Победа, но само две минути подоцна израмни Пепи Георгиев.
Шкупи исто така дојде до реми во Кратово (2-2) во последните мигови. Артан Велиу донесе бод.
Бобан Георгиев и Марко Рајковиќ обезбедија комфорна предност за кратовскиот прволигаш, но во финишот домаќинот потклекна. Стефан Коцев во 76.минута постигна автогол, а Велиу беше стрелец за израмнување.
ПРВА ЛИГА, 19.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 1-0
РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 1-1
СИЛЕКС – ШКУПИ 2-2
ПОБЕДА – БЕЛАСИЦА 1-1
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-0
Табела: Шкендија 43, Вардар 35, Академија Пандев 33, Работнички 27, Шкупи 24, Ренова 22, Македонија ЃП 21, Силекс 19, Победа 18, Беласица 18.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski