Илкај Гундоган се уште не го продолжил договорот со Манчестер Сити. 31-годишниот играч е првото засилување на Гвардиола во ерата на „Итихад“. Илкај пристигна во 2016 година од Борусија Дортмунд за сума од 24 милиони фунти.
Германскиот репрезентативец во претходните шест години има четири титули во Премиер – лигата, а сезонава 14 пати се појави во дресот на „граѓаните“ со два гола и една асистенција.
Играчот од средниот ред беше поврзуван со трансфер во Барселона, но англиските медиуми пренесуваат дека желбата на играчот е пред „пензија“ да игра во Турција или Америка.
Како и Месут Озил, Илкај е натурализиран Германец со турско потекло. Озил се врати во Турција во 2021 година за да игра за Фенербахче, сега е во Башакшехир, додека Гундоган би можел да се испроба во Галатасарај.
Клубот од Истанбул го сака Гундоган, Галата минатата сезона заврши на 13. место во Суперлигата на Турција, а Гундоган исто така би бил јасен знак за желбата за враќање на врвот на турскиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













