Манчестер Јунајтед го исфрли Кристијано Роналдо од составот за дербито против Челси. Тој е суспендиран по скандалозното заминување во соблекувалната додека се уште траеше мечот против Тотенхем.
„Кристијано нема да биде дел од тимот на Манчестер Јунајтед за натпреварот против Челси кој се игра в сабота. Остатокот од тимот заедно се подготвува за тој натпревар“, објави Јунајтед на својата веб-страница.
Португалецот отиде во соблекувалната пред крајот на натпреварот откако одби да влезе во игра како замена, а потоа веднаш го напуштил стадионот и не ја прославил победата со соиграчите.
Со овие потези тој предизвика огорченост кај навивачите на Јунајтед и фудбалските стручњаци. Самиот Роналдо е огорчен, затоа и вака реагираше, бидејќи еден од најдобрите фудбалери во историјата очекуваше да биде главна ѕвезда со враќањето во клубот во кој се прослави.
Сепак, Ерик тен Хаг, кој летово го презеде Јунајтед, смета дека ѕвездата треба да биде резерва откако тој не ги мина подготовките со тимот. Од десет првенствени настапи оваа сезона, Роналдо одигра само три како стартер, а не настапи ниту на последните две дербија, против Сити и Тотенхем.
Исфрлањето од тимот за новото дерби, против Челси, не е единствениот начин на кој Манчестер Јунајтед го казнува Роналдо.
Тој мора да им се извини на соиграчите за тоа што го направи и да плати 1 милион фунти. Огромна сума, но Роналдо ја заработува за неполни три недели.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal