Како земјотрес одекна веста дека Килијан Мбапе е разочаран во ПСЖ и дека на раководството на клубот им рекол дека сака да си замине веќе на зима и не сака да го чека крајот на сезоната.
Информациите се ажурираат од час во час, а суштината е дека Мбапе чувствува дека ПСЖ го изневерил и не ги исполни зделките што му ги ветија кога летово тој го одби Реал Мадрид иако можеше да замине слободен и без обештетување.
Но, Мбапе не е единствениот кој се чувствува изневерен, бидејќи спортскиот директор Луис Кампос исто така сака да си замине.
Само што пристигна летово, го донесе Кристоф Галтие, неговиот печат се почувствува и на пазарот, бидејќи навистина заврши одличен преоден рок со Фабијан Руиз, Карлос Солер, Ренато Санчез, Витиња, Норди Мукиеле, Екитике…
Останува нејасно зошто токму Мбапе и Кампос се чувствуваат изневерени, бидејќи тимот е избалансиран, резултатите се одлични, играта ветува многу повеќе отколку со Покетино, но ПСЖ секогаш се чини дека е погоден терен за меѓусебни „војни“.
Познато е дека Мбапе и Нејмар дополнително ги заладија односите, неодамна се појави информација дека Лео Меси сака да се врати во Барселона, којзнае што се случува зад сцената.
Секако, алармот во Мадрид веднаш се вклучи, бидејќи се знае дека Мбапе е најголемата желба на Флорентино Перез. Сепак, сите во Мадрид беа разочарани од „предавството“ на Мбапе кога ја раскина зделката и се шпекулира дека вратата на Реал му е затворена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal