Connect with us

Тренчовски: Работнички има тим за високи дострели, ќе треба наш максимум за успех во Скопје

Академија Пандев обезбеди квалитетна предност против Победа во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија, па сега психолошки помирно, по оној претходен пораз од Шкупи, го очекува неделното дерби  од 22. коло во ПМФЛ против Работнички во Скопје.

„Го оставаме зад нас претходниот пораз од Шкупи во првенството и комплетно се насочуваме кон дерби пресметката со Работнички во Скопје. Сега со чисти мисли пристапуваме кон средбата на ‘Филип Втори’. Работнички, без нималку претерување, е тим за високи дострели оваа полусезона. Според мене играчки се меѓу два-три најдобри тима во лигата, па затоа ќе треба наш максимален ангажман за да дојдеме до посакуваниот позитивен резултат“ – вели стратегот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски.

А, анализирајќи го куп-натпреварот со Победа, Тренчовски нагласува дека финалето се уште е далеку и покрај победата во Струмица од 3-1.

„Одигравме психолошки многу тежок натпревар против Победа, пред се поради претходниот пораз на домашен терен од Шкупи. Токму затоа ми се чини дека првото полувреме го одигравме многу лошо, деконцентрирано, без идеја во нападот. А, Победа мудро чуваше резултат. Но, во второто полувреме со влегувањето во игра на Милованиќ се променија нештата, внесе живост и веднаш дојде и ефектот. Во финишот непотребно, повторно деконцентрација и примивме погодок. Точно е дека имаме предност но финалето се уште е далеку“ – вели Тренчовски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови