Работнички в недела (14 часот) на арената „Филип Втори“ ќе го пречека тимот на Академија Пандев во еден од директните дуели за третото место на табелата. Тоа е дефинитивно многу значаен натпревар за составот на Жикица Тасевски. Го знае тоа добро искусниот Баже Илијоски, кој по враќањето ја носи и капитенската лента во тимот.
„Знаеме колку би ни значела победа над Академија Пандев. Тоа е еден од директните дуели за распределба на позициите кои водат во Европа. Подготвени сме на предизвикот, знаеме дека ќе биде тешко, но ќе сториме се за да ги освоиме трите бода. Треба грешките да ги сведеме на минимум и да ја задржиме концентрацијата на максимално ниво. Го респектираме противникот, но и веруваме во своите квалитети“, изјави Баже Илијоски за официјалниот сајт на клубот.
Главен судија на натпреварот ќе биде Петар Мантев (Неготино), а ќе му помагаат Илија Гонев (Неготино) и Драган Трпчевски (Кавадарци). Четврти судија е Зоранчо Темелков (Кавадарци). За делегат на мечот е одреден Славчо Ѓорѓијоски (Прилеп), а контролор на судењето ќе биде Марјан Ристески (Кичево).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













