Connect with us

Воена мобилизација и во руската репрезентација

Фудбалската репрезентација на Русија одигра пријателски натпревар против Киргистан, а следниот меч е закажан за 19 ноември против БиХ во Санкт Петербург. Един Џеко и Миралем Пјаниќ изјавија дека не сакаат да играат против руската репрезентација која поради агресијата кон Украина беше исфрлена од сите натпреварувања на УЕФА и ретко кој сака да игра со неа.


Но, според информациите на рускиот новинар Максим Аланазаров од „Спорт Експрес“, тоа може и да не се случи. Имено, Аланазаров најави дека поради воена мобилизација дел од репрезентацијата ќе заврши во руската армија.

Поточно, поканите ги добиле секретарот на Руската фудбалска федерација, физиотерапевтот, како и лица задолжени за организација на натпреварите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови