Фудбалската репрезентација на Македонија ќе ги игра последните два натпревари од Лигата на нации, а напаѓачот Бојан Миовски пред патот за Тбилиси смета дека тимот поседува квалитет за победа против Грузија.
„Во последниот период Грузија напредува многу. Сите го знаеме тоа. Тие го покажаа својот квалитет во второто полувреме на дуелот во Скопје. Мислам дека доколку во првиот дел постигневме гол тој натпревар ќе беше многу поинаков. Ни недостигаат клучни фудбалери, но ние што сме тука ветуваме дека ќе го дадеме максимумот.
Знаеме каква атмосфера нè очекува. Грузија е во поповолна позиција и ѝ треба само бод за прво место. Затоа во нашите мисли е само победа. Добро го анализиравме противникот. Селекторот ни ги укажа слабите страни на противникот и тренираме како треба да нападнеме на дуелот во Тбилиси. Се надевам дека тоа што го тренираме, ќе го покажеме на самиот натпрева“, изјави Миовски.
Три дена по дуелот со Грузија, Македонија ќе ја пречека и Бугарија во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













