
Кејлор Навас би можел да го напушти Пари Сен Жермен. Според некои извори, ПСЖ го понудил Кејлор Навас на Олимпијакос, а не е невозможно Костариканецот да се пресели во Пиреја.
Доаѓањето на Марсело беше вистинска „бомба“, по него дојде Хамес Родригез, а сега би можел и Навас.
Целосно падна во втор план, Донарума е прв голман во сите натпреварувања, па прашање е дали Навас има мотив да остане на клупата.
Преодниот рок во Грција завршува денеска, па ќе видиме дали Навас ќе може да го затвори неверојатниот преоден рок на Олимпијакос.
Навас во ПСЖ пристигна во 2019 година од Реал Мадрид, за кој бранеше пет сезони и ги освои сите можни трофеи, а претходно настапуваше за Леванте и за Албасете.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по Дарвин Нуњез
