Братот на Пол Погба, Матијас, и уште три лица се приведени во полиција, а се товарат за изнуда на пари од познатиот француски фудбалер. Како што јавуваат француските медиуми, едно од лицата било приведено уште во вторникот, додека Матијас Погба и другите две лица денеска завршиле во притвор.
Скандалот кој се случи на крајот на минатиот месец кога Матијас Погба на социјалните мрежи се закани дека ќе открие тајни и валкани работи од животот на неговиот брат Пол Погба сега добива расплет. Пол Погба се обиде да го заштити братот Матијас и покрај недоразбирањата што ги имаат во изминатиот период.
Фудбалерот на Јувентус објави дека бил цел на криминална група во која учествувал и неговиот брат, а бил уценуван за 13 милиони евра.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












