Динамо Загреб го доживеа првиот пораз оваа сезона во ЛШ, откако загуби од Милан со 3-1 на „Сан Сиро“. По сензацијата со Челси на „Максимир“, овојпат одбраната на Динамо попушти пред нападите на „росонерите“.
По натпреварот тоа го призна и македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.
„Милан е врвен европски клуб, еден од десетте најголеми во светот според реномето и традицијата. Се држевме едно полувреме, имавме во одреден период и свои шанси, но тие знаат да ја казнат секоја твоја грешка. А ние правевме грешки. Леа го знам од Спортинг, има „три метра“, а паѓа на секој контакт. Побега ми побегна за голот? Сите ми избегаа, што сега… Кога Милан ќе те притисне, навистина е тешко да се одбраниш. Го добивме Челси, загубивме од Милан и одиме понатаму, ритамот оваа сезона ќе биде неверојатно жесток. Мене ме очекуваат настапи со репрезентацијата, па потоа ќе се вратиме на Лигата на шампионите“, изјави Стефан Ристовски.
Динамо Загреб е на второто место на табелата во групата Е, еден бод зад Милан.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












