Хрватскиот првак Динамо Загреб загуби од Милан на „Сан Сиро“ со 3-1 во второто коло од групата Е во Лигата на шампионите. Отпорот на тимот за кој настапија македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, траеше речиси едно полувреме.
Првата грешка ја направи Шутало, кој го фаулираше Рафаел Леао и беше досуден пенал во 45.минута. Успешно го реализираше Оливие Жиру.
На стартот од вториот Салемакерс зголеми на 2-0, а мала надеж за Динамо даде Оршиќ кој повторно погоди во ЛШ. Сепак, Побега со првиот гол за Милан во ЛШ го постави конечниот резултат.
Шахтјор Доњецк и Селтик ремизираа 1-1. Гостите дојдоа во водство со автоголот на Бондаренко во десеттата минута, а израмни Мудрик во 29.минута.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












